Коронавирусот направи хаос и ги запре најсилните првенства во Европа. Прашањето кое сега се поставува е што кога ова лудило ќе заврши?
Многумина се прашуваат што ќе биде со националните првенства и меѓународните натпреварувања и дали воопшто ќе продолжат. Засега доминираат теориите за прекинување на натпреварувања и сметање на табелата каква што е во моментот на прекинот, а се шпекулира и за некаков плеј-оф.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Лион, Жан Мишел Аулас има предлог за националните првенства да се прогласи „празна сезона“.
„Најдобро решение е да кажеме дека ова е празна сезона. Титулата нека не се додели, а позициите за европските натпреварувања ќе ги добијат клубовите како и оваа сезона“, изјави Аулас.