Дома Фудбал Италија Кастиљехо за животот во Милано: Супермаркетите се како болници, надвор можете само со дозвола

Кастиљехо за животот во Милано: Супермаркетите се како болници, надвор можете само со дозвола

Коронавирусот се запре, никој не знае кога повторно ќе продолжи…Најмногу е погодена Италија, посебно северниот дел од оваа земја, покраината Ломбардија и градот Милано.

Поради ваквата ситуација топката мирува, спортистите не тренерираат седат дома и чекаат да им се каже што понатаму.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За ситуацијата зборуваше фудбалерот на Милан, Сами Кастиљехо.

„Од понеделникот сум затворен дома бидејќи првенството е прекинато. Ни кажаа да останеме затворени до наредниот понеделник, иако мене ми изгледа дека ова ќе потрае и подолго бидејќи во меѓувреме неколку фудналери се инфицираа“.

Како се живее овие денови?

„Надвор можете да излезете само со одредена дозвола или во итен случај: Ако морате да одите на работа, во продавница за храна или аптека. Минатата недела отидов во супермаркет, ми изгледаше како болница, луѓето носеа маски преку лицето и ракавици, а тогаш не беше дојдено до оваа точка“:

Како му е дома?

„Малку ми е досадно. Спијам, готвам, разговарам со семејството бидејќи не можеме да излегуваме најголем дел од денот го поминувам разговарајќи со семејството и пријателите“, раскажа Кастиљехо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…