Фантастичниот 19 годишен фудбалер Винисиус Жуниор покажа дека поседува голем потенцијал, а времето ќе покаже дали ќе го исполни.
Во последно време Винисус игра одлично и започнува да ги исплаќа вложените 46 милиони евра, колку што Реал Мадрид плати на Фламенго.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во нападот е брз, има одличен дриблинг, потребно е можеби малку да ја поправи реализацијата.
Винисус откри дека имал три дена да одлучи дали ќе потпише за Реал или Барса.
„Го освоивме првенството на Јужна Америка до 17 години, а јас одиграв одличен турнир. Веднаш се јавија претставници на Реал и Барса, имав три дена да одлучам. Секогаш навива за Реал и за тоа овој клуб имаше почетна предност. Моите родители го посетија клубот и заклучија дека им се допаѓа. Нивната одлука се поклопи со мојата желбаи еве сум тука“, изјави Бразилецот.