Дома Фудбал Се огласи Артета: Заедно ќе го пребродиме ова!

Се огласи Артета: Заедно ќе го пребродиме ова!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се огласи еден ден откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирус.

Артета беше првиот случај на заразен со корона во Премиер лигата. Арсенал веднаш го затвори тренинг кампот и сите кои биле во контакт со Шпанецот ги стави во карантин.

Денес и раководството на Премиер лигата одлучи да ја прекина лигата на неоредено време, одлука која Артета ја поздрави.

„Ви благодарам на сите за поддршката и убавите зборови. Веќе се чусвтвувам подобро. Сите се соочуваме со огромен и невиден предизвик. Сега е само важно здравјето на сите. Заштитете се едни со други следејќи ги упатствата и ние ова заедно ќе го пребродиме. Секоја чест на Премиер лигата за донесената правилна одлука“, истакна Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…