Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ги повика тенисерите да се вратат во Европа: Не знам како вака може да се игра тенис

Ѓоковиќ ги повика тенисерите да се вратат во Европа: Не знам како вака може да се игра тенис

Поради ширењето на коронавирусот откажани беа неколку тениски турнири, а за ситуацијата со коронавирусот се огласи и Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ побара од тенисерите да се вратат во Европа бидејќи не може да се одигра мастерсот во Мајами.

„Ги советувам сите играчи кои се во САД да се вратат во Европа. Не знам како ќе се игра во вакви услови. Не знам што ќе се случува и како би се играло тенис додека не се прогласи крај на пандемијата“, порача Ѓоковиќ.

Ќе потсетиме тениската асоцијација ги откажа сите машки турнири во наредните шест недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…