Дома Топ вести Сити нема граница: Понуди 130 милиони за тинејџерската сензација!

Сити нема граница: Понуди 130 милиони за тинејџерската сензација!

Иако сеуште не е официјално почнат преодниот рок Манчестер Сити е многу активен на трансфер пазарот и веќе ја донесе ѕвездата на Монако, Бернардо Сила за 70 милиони евра.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека тоа е само почеток и дека „граѓаните“ ова лето ќе потрошат неверојатни 350 милиони евра.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


На врвот на листата желби на Гвардиола е тинејџерската атракција, Килијан Мбапе, а „Telefoot“ тврди дека граѓаните веќе доставиле официјална понуда до Монако од 130 милиони евра.

Францускиот медиум тврди дека Монако најверојатно ќе ја прифати понудата, но сега се чека одговор од Реал Мадрид бидејќи фудбалерот преверира преселба на „Сантиаго Бернабеу“.

Нема сомнеж дека Мбапе ќе го сруши светскиот рекорд и дека ќе стане најскап фудбалер во историјата, само прашање е во кој клуб ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…