Еден кошаркар од Реал Мадрид е позитивен на корона вирус, пренесуваат шпанските медиуми.
Поради тоа, како кошаркарскиот, така и фудбалскиот тим на Реал Мадрид ќе оди во изолација, бидејќи двата тима користат еден ист тренинг центар – Валдебебас.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Реал Мадрид информира дека играч од нашиот прв кошаркарски тим е тестиран позитивно на КОВИД-19 коронавирусот. Поради тоа согласно препораките и кошаркарскиот прв тим и фудбалскиот прв тим ќе одат во карантин, бидејќи и двата тима го делат истиот камп. И сите луѓе кои работат во кампот ќе останат во карантин. Натпреварите од кошаркарската Евролига и фудбалската Ла Лига кои беа предвидени за денеска и утре нема да се одиграат“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
„Кралевите“ ќе бидат во карантин 14 дена, а тоа значи дека нема да можат да го одиграат мечот со Манчестер Сити во Лигата на шампиони кој е закажан за 17-ти март.
??? EL REAL MADRID, EN CUARENTENA:
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 12, 2020
✅ Ha habido un POSITIVO POR #CORONAVIRUS en el equipo de baloncesto.
⚠️ Los jugadores ABANDONAN CON URGENCIA VALDEBEBAS.
Información de @JLSanchez78 pic.twitter.com/pOIr6nPk0A