Дома Фудбал Италија Интер потврди: Тимот оди во карантин!

Интер потврди: Тимот оди во карантин!

Jувентус потврди дека нивниот стопер Даниеле Ругани има коронавирус. Тоа е првиот играч во Серија А кај кого е потврден заразниот вирус.

Од Јувентус потврдија дека прекинати ќе бидат сите клупски активности и тимот ќе биде во карантин, што е очекувано. Меѓутоа во карантин ќе оди и целиот тим на Интер кој минатата недела го играше дербито против Јувентус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако Ругани не играше во дербито, постои можност да бил во контакт со играч на Интер или некој член на нивниот стручен штаб, па поради претпазливост во Интер ќе постапат според законската процедура.

Она што веројатно наскоро ќе биде потврдено е дека Јувентус нема да може да го игра реваншот од осминафиналето против Лион кој е на распоред на за пет дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонскиот напаѓач ја води швајцарската сензација: Најважно им беше да не испаднат, а денеска титула може да слават!

Фудбалските сензации како онаа на Лестер од сезоната 2015/16 ретко се случуваат, но во мом…