Дома Фудбал Лига на шампиони Чан ја отвори душата: Од Јувентус заминав само поради Сари

Чан ја отвори душата: Од Јувентус заминав само поради Сари

Германскиот фудбалер Емре чан во јануари го напушти Јувентус и кариерата ја продолжи во дресот на Борусија Дортмунд.

Чан во Јувентус пристигна летото 2018 година како слободен играч од Ливерпул, но во Торино не се наигра многу. Ситуацијата се искомплицира кога во клубот дојде Маурицио Сари и Чан од тогаш скоро и да беше отпишан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа Германецот го чекаше зимскиот преоден рок за да си замине, изборот падна на Борусија Дортмунд. Во разговор за германски „Кикер“ Чан призна дека Сари е главниот виновник што тој си заминал од Торино.

„Главната причина поради која си заминав од Јувентус е затоа што сакав повторно да играм фудбал. Доаѓа Европското првенство овој јануари и сакам да бидам дела од репрезентацијата, поради тоа морав да изберам клуб каде што ќе играм. Кога Сари дојде се се промени. Минатото лето добив неколку понуди, а кога заврши преодниот рок 20 секунди подоцна добив повик од Сари. Во тој разговор ми кажа дека нема да бидам на списокот за Лигата на шампионите“.

„После тој повик не добив шанса на теренот. Мислам дека не беше фер кон мене и затоа одлучив да си заминам во јануари. Клубот и навивачите не се ништо вивновни, заминав само поради Сари. Не сакав да бидам на клупа или на трибините“, изјави Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…