Она што се најавуваше доби и официјална потврда од УЕФА се одложуваат натпреварите Севиља – Рома и Интер – Гетафе.
Авионот во кои беа играчите на Рома не доби дозвола да слета во Севиља, а клубовите набрзо потоа соопштија дека овој натпревар нема да се игра утре како што беше планирано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После се огласи и УЕФА која потврди дека поради коронавируот на авионот на Рома не му било дозволено да слета во Шпанија. Поради тоа е одлучено оваа средба да не се игра.
Исто е и со натпреварот помеѓу Интер и Гетафе во кој „нероаѕурите“ требаше да бидат домаќини. Овој натпревар е одложен затоа што Италија е целосно блокирано.
Се уште не познато кога овие натпревар ќе се одиграат, но јасно е дека УЕФА сега е во проблем.