Дома Фудбал Се огласи Арда Туран и ги шокира сите: Бара шанса во Барселона!

Се огласи Арда Туран и ги шокира сите: Бара шанса во Барселона!

Арда Туран минатата година се степа со популарниот пејач Беркај Шахин, а потоа турскиот суд го осуди на три години условна затворска казна.

Туран неодамна ја раскина соработката со Башакешир, каде беше на двегодишна позајмица, па верувале или не, Турчинот моментално е играч на Барселона.

Туран е под договор со Барселона до 30-ти јуни оваа година, па иако никој на Камп Ноу не размислува да го врати, сепак тој бара да добие шанса.

„Јас сум моментално играч на Барселона каде и понатаму имам договор, па би сакал да добијам шанса“, истана Туран.

„Јас би сакал да останам во Барселона, но следната сезона најверојатно ќе играм за некој турски клуб“, додаде Туран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…