Дома Фудбал Италија Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Малолетник му донесе победа на Јувентус и стана хит во Европа! (видео)

Јувентус во последното коло од Серија А играше со комбиниран состав и успеа да победи на гостувањето во Болоња и тоа со голот на младиот напаѓач Мојс Кин.

Суперталентираното момче пред неколку месеци стана првиот фудбалер роден во новиот век кој дебитирал во Серија А, а синоќа му донесе победа на големиот Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


17-годишниот Кин влезе во игра како резерва и ја донесе победата на „бјанконерите“ со гол во 94-та минута. Пред тоа Тајдер ја донесе Болоња во водство во 52-та минута, а Паоло Дибала израмни во 70-та.

Интересно, Мојс Кин стана првиот фудбалер роден после 2000 година кој постигнал гол во некој од 5-те најсилни шампионати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ајакс го отпушти Хејтинга, Тен Хаг може да се врати

Ајакс официјално објави дека се разделува со својот тренер Џон Хејтинга по серијата од раз…