Дани Дринквотер блесна во дресот на Лестер каде беше дел од шампионската генерација и потоа направи трансфер во Челзи.
„Сините“ за неговиот потпис платија 30 милиони фунти, Дрингвотер требаше да биде големо засилување, но не се снајде на „Стенфорд Бриџ“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Одтогаш неговата кариера тргна во надолна линија, беше на позајмица во Барнли каде не се прослави, па потоа беше испратен во Астон Вила.
Сепак, многу наскоро Дринквотер може да биде отпуштен од тимот на Бирмингем. Тој го нокаутирал соиграчот Жота на тренингот по вчерашната кратка расправа и раководството на Астон Вила ќе ја разгледа опцијата за раскинување на позајмицата.