Дома Фудбал Видео: Аталанта и Лајпциг испишаа историја

Видео: Аталанта и Лајпциг испишаа историја

Аталанта и Лајпциг обезбедија историско четвртфинале во Лигата  на шампионите откако супериорно ги елиминираа Валенсија односно Тотенхем.

Фантастичен натпревар одиграа Валенсија и Аталанта – публика немаше, но имаше „дожд“ од голови.

Аталанта имаше предност на полувреме 2:1 со головите на Иличиќ, но Валенсија во вториот дел успеа да направи пресврт.

Сепак магичниот Словенец го игра мечот на кариерата и во 71-та и 82-та минута постигна нови два гола за водство на Божицата.

Лајпциг му одржа уште една лекција на Мурињо и го елиминира Тотенхем, откако пред своите навивачи славеше со 3:0.

Патникот во четвртфиналето беше решен после првите 15 минути кога Германците имаа предност од 2:0 со двата гола на Сабицер.

Во второто полувреме Форсберг во 87-та минута ги постави конечните 3:0 за пласман во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …