Дома Топ вести УЕФА не е за одложување на ЕП, но будно ги следи случувањата

УЕФА не е за одложување на ЕП, но будно ги следи случувањата

Епидемијата со коранавирусот направи многу проблеми во Европа што се однесува на организација на спортските натпревари, а поради тоа може да биде одложено и ЕП кое се игра ова лето.

Поради коронавирусот синоќа беше соопштено дека се прекинува италијанското првенство до 3. април. Натпреварите во Шпанија и Германија ќе се играат пред празни трибини, а веројатно истото ќе биде случај и во Франција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствено каде се уште нема никакви мерки се Англичаните и Премиер лигата продолжува според планираното. Но, одложувањето на натпреварите создава огромни проблеми бидејќи нема термин тие да се одиграат до крајот на мај, ако се знае дека на лето се игра ЕП.

ЕП започнува на 12. јуни и ќе се игра во 12 градови во Европа. Фудбалските сојузи сакаат лигата да заврши до крајот на оваа сезона, а не да се одложи за термини после ЕП.

Италијански Тутоспорт пишува дека повеќе национални сојузи бараат од УЕФА да го одложи ЕП за наредното лето за да успеат да ги завршат натпреварите од првенствата до крајот на оваа сезона.

Јасно е дека во најголеми проблеми се италијанците бидејќи Серија А веќе е прекината, но во УЕФА не се воодушевени од идејата ЕП да биде одложено. Сепак, порачаа дека ситуацијата внимателно се следи и ако биде потребно ќе биде донесена одлука за одложување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…