Дома Фудбал Ако Зидан замине двајца тренери се фаворити да го наследат

Ако Зидан замине двајца тренери се фаворити да го наследат

Фудбалерите на Реал Мадрид овој викенд доживеаа неочекуван пораз на гостувањето кај Бетис (2:1) и така го изгубија лидерското место во Ла Лига.

„Кралевите“ на почетокот на месецот победија во „Ел Класико“ и стигнаа до првата позиција, меѓутоа сега после поразот од Бетис и победата на Барселона против Сосиедад за викендот повторно се втори.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После натпреварот Зидан јавно превзема одговорност за поразот и призна дека на неговиот тим не му оди онака како што очекувале. На шпанските медиуми не им требаше многу време за да започнат да шпекулираат дека францускиот стратег може да добие отказ ако не го помине Сити во Лигатан а шамионите.

Наводно, Зидан добил услов од Перез да го елиминира Сити ако сака да остане на клупата. „Марка“ пишува дека Перез веќе и размислува за двајца потенцијални кандидати.

Прв кандидат според познатиот шпански медиум е Маурисио Покетино кој е без ангажман откако го напушти Тотенхем. Ако Покетино пак ја одбие понудата втора мета бил Масимилијано Алегри кој до крајот на минатата сезона го водеше Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не се заборава: Помина 21 година откако Ибрахимовиќ го постгна еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски фудбалер, денеска одбележува 21 година откако усп…