Дома Топ вести Барса му нуди нов договор на Меси, познати и деталите!

Барса му нуди нов договор на Меси, познати и деталите!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси се очекува наскоро да потпише нов договор со Каталонците.

Меси во овој момент е најплатен фудбалер на планетата со 50 милиони евра нето годишно, сегашниот договор му истекува во 2021 година, но Барселона планира да го заржи до крајот на кариерата на „Ноу Камп“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Аргентинецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па поради тоа Барса се брза што побрзо да биде потпишан новиот договор.

Шпанските медиуми откриваат детали од понудата и тврдат дека Барса му понудила договор до 2023 година според кој ќе заработува 50 милиони евра по сезона, плус ќе има одредени клаузули за додатни бонуси.

Меси во неколку наврати истакна дека сака да ја заврши кариерата во Барселона, па се очекува наскоро да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…