Дома Фудбал Италија На повидок експресно враќање, Берлускони купува клуб од Серија А?!

На повидок експресно враќање, Берлускони купува клуб од Серија А?!

Дали ќе видиме шокатно враќање?

Оваа информација ја откри, личниот доктор на италијанскиот премиер, Алберто Зангриљо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, тие го убедуваат Силвио Берлускони да ја превземе Џенова која е на продажба. Енрико Прециози, сака да се ослободи од клубот, се споменуваа Кинезите, но Зангриљо работи на поинакво сценарио.

„Сите би сакале да ги видиме богатите Кинези, но прашање е колку е тоа реално. Разговарам со Берлускони, забележав дека го заинтересирав, кој знае, можеби тој ќе биде новиот сопственик на клубот“, изјави докторот.

Би било навистина шокантно да се случи вакво нешто после продажбата на Милан, но во Џенова би требале помали влогови, покрај тоа Берлускони секогаш беше во добри односи со овој клуб. Кој знае доколку посака повторно да се зборува за него би можел да се впушти во нова поефтина авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …