Бруно Фернандеш неодамна стигна на „Олд Трафорд“ и дефинитивно на почетокот ги оправдува очекувањата.
Англискиот гигант во завршницата од преодниот рок го доведе Бруно Фернандеш. Фернандеш и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а со неговото доаѓање работите на „Олд Трафорд“ тргнаа на подобро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, „црвените ѓаволи“ од кога дојде Фернандеш одиграа седум натпревари и во тој период запишаа четири победи и три нерешени натпревари. Одлична е и гол-разлика, постигнаа 15, а примија само 2 гола.
Фернандеш на големо учествуваше во постигнатите голови. Погоди и во последниот викенд против Евертон, претходно асистираше и беше стрелец против Вотфорд, еднаш се запиша во листата на стрелци и против Клуб Бриж, беше асистент во победата против Челзи…
Инаку, Фернандеш како 18 годишник замина од Португалија во Италија каде што играше за Новара. Подоцна беше дел од Удинезе и Сампдорија, меѓутоа најдобриот фудбал го играше кога се врати во татковината во редовите на Спортинг.