Голманот на Барселона и германската репрезентација, Марк Андре Тер Штеген се наоѓа пред продолжување на договорот со каталонскиот гигант, пренесува „ЕСПН“.
Актуелниот договор кој Германецот го има со тимот од „Камп Ноу“ истекува летото 2022 година, а според најавите соработката би требало да биде продолжена до 2025 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со одличните настапи од доаѓањето во Барселона во 2014 година, 27 годишнот Тер Штеген се докажа како еден од најдобрите европски голмани и повеќекратно и се исплатеше на Барселона која за него плати 12 милиони евра на Борусија Менхегладбах.
Во октомври Тер Штеген го одигра својот 200. натпревар за Барса, а од доаѓањето во Шпанија четири пати ја освојуваше Ла Лига како и четири пати шпанскиот куп, додека во 2015 година ја освои Лигата на шампионите.
Член на репрезентацијата на Германиај е од 2012 година.