Брзо стигна одговор од Серхио Рамос на изјаватан а Жерер Пике.
Реал ја победи Барселона со 2:0 и се искачи на врвот од Ла Лига. После натпреварот Пике изјави дека ова бил најлошиот Реал кој го видел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го контролиравме натпреварот во првото полувреме. Во тоа време, Реал беше слаб, можеби најслаб што сум го видел на „Сантијаго Бернабеу“.По паузата, тие ја изнесоа играта подалеку од своето поле и ни дадоа гол во најнеповолниот момент“, изјави Пике.
Неговата изјава стигна до Рамос кој му одговори:
„Секој може да мисли што сака и ја го почитувам мислењето на Пике. Со двете раце ќе потпишам да победуваме на секое „Ел Класико“ со толку лоша игра во првото полувреме како што вели тој. Не беше како што изгледаше, ние им ја препуштивме топката, а во второто одолучивме да притисниме. Тие во продолжение ја изгубија свежината и ние создававме шанси. Ако бевме малку подобри ќе им дадавме три-четири гола“, гласеше одговорот на Рамос.