Карлос Тевез беше само искрен, па сега веројатно ќе тврди дека бил извлечен од контекс, но како реагираат они кои го направија најплатен на светот?
Аргентинецот премине во кинескиот Шангај каде што заработува 38 милиони евра по сезона, го критикуваат дека не е доволно сериозен, а како ли ќе реагираат кинезите после оваа негова изјава.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ма каква кинеска лига. Овде фудбалот е многу послаб, 50 години се поназад од Европа. И да дојде најдобриот во светот нема ништо да се промени. Кинеските играчи се слаби, ниту знаат многу со топка, ниту пак се силни физички и тоа нема да се промени за брзо време“, изјави Тевез.
Дали со оваа порака Тевез сакаше да испрати охрабрување од раководството на Шангај, да го раскинат договорот?
Кога во прашање е Карлитос се е можно…