Реал Мадрид вчера славеше во „Ел Класико“ против Барселона со (2:0), а еден од хероите на домаќините беше Маријано Диаз.
„Кралевите“ стигнаа до предност со голот на Винисиус Жуниор, а потоа Зидан во судиското продолжение одлучи колку само за да „украде“ време на теренот да го пушти Маријано Диаз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маријано Диаз влезе на местото на Бензема и успеа да постигне гол во првиот момент кога дојде до топката. Неверојатно е што за шпанскиот напаѓач ова беше прв натпревар во Ла Лига сезонава.
Овој 26 годишник цела сезона е последен избор во нападот на Реал и неочекувано вчера ги доби првите неколку минути во кариерата и подобро не можеше да ги искористи. Постигна гол, а потоа и заплака, сигурно дека за него овој гол значи многу откако скоро и да беше отпишан од Зидан.