Интер после подолго време сезонава е сериозен конкурент на Јувентус, на изненадување тука е и римски Лацио.
Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати зборувше за актуелната ситуација и некои потези на раководството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моментот кога ги продадовме Перишиќ, Наинголан и Икарди бев збунет, ми изгледаше аспурдно. Изгледаше дека тоа што го прави клубот нема никаква смисла, на крајот го купивме Лукаку и се испадна повеќе од добро“, смета Морати.
За ситуацијата во Серија А и Јувентус.
„Јувентус е во период на транзиција, после долго време со ист тренер направија промена и тоа влијае на играта. Сезонава покажуваат слабости, меѓутоа сега нешто се прашува и Интер. Ние сме силен тим, посилен од минатите години имаме одличен тренер и можеме да издржиме до крај“, заврши поранешниот прв човек на „нероаѕурите“.