Дома Македонски спорт Елмас вчера не играше многу, но го налутил Гатузо

Елмас вчера не играше многу, но го налутил Гатузо

Вчера Наполи победи со 2:1 против Торино во рамките од Серија А.

Наполи беше подобар тим од Торино во текот на целиот натпревар, меѓутоа после едно невнимание примија гол кој на Торино му даде надеж дека може да стигне до реми.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Медиумите во Италија пишуваат дека Гатузо бил задоволен од победата, но и се налутил поради голот на Едера во финишот. Италијанците објавија дека Гатузо веднаш после последниот судиски свиреж разговарал со тројца играчи помеѓу кои бил и македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

Гатузо побарал објаснување од Елмас, Манолас и Руиз за нивното позиционирање во текот на акцијата во која бил постигнат голот.

Eлмас на овој натпревар во игра влезе во 84. минута на местото на Политано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Четири засилувања и „пеколен“ напад: Еве како ќе изгледа Милан следната сезона📷

Раководството на клубот од Бирмингем го награди Емери и му понуди нов договор кој ќе трае …