Дома Останати Тенис Надал му одговори на Ѓоковиќ и го освои Акапулко

Надал му одговори на Ѓоковиќ и го освои Акапулко

Рафаел Надал е победник на турнирот во Акапулко. Во финалето Надал го победи Тејлор Фриц со 6:3 и 6:2.

Во првиот сет Шпанецот еднаш го одзема сервисот на противникот, додека во тоа успеа два пати во вториот сет и стигна до победата за 75 минути.

Надал така му одговори на Ѓоковиќ кој го освои АТП турнирот во Дубаи. Двајцата најдобри тенисри продолжија да доминираат во однос на конкуренцијата со повеќе од 2800 бодови разлика во однос на конкуренцијата.

Ѓоковиќ е најдобар во светот со 370 бодови предност во однос на Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…