Екипата на Арсенал и Арсен Венгер прават се за да го задржат, Алексис Санчез, во своите редови.
Британски „Дејли Мејл“ пишува дека управата на Арсенал спремила нов договор за одличниот Чилеанец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според тој договор најдобриот фудбалер на англискиот гигант би требало да заработува 270.000 фунти неделно.
Се чека одговор од Санчез, а нема сомневање дека неговото задржување веројатно би било и најголемото засилување за Арсенал, но прашање е дали зголемувањето на платата би било доволно силен аргуимент да остане бидејќи „Топџиите“ наредната сезона нема да се натпреваруваат во Лигата на шампионите.
За неговото незадоволство и заминување од „Емирати“ се пишува често, а како најсериозни кандидати за негово доведување се споменуваа Челзи и Баерн Минхен.