Дома Фудбал Нејмар сака да се врати во Барса, а денес испрати нова тужба до клубот

Нејмар сака да се врати во Барса, а денес испрати нова тужба до клубот

Бразилскиот фудбалер и ѕвезда на францускиот гигант Пари Сен Жермен, Нејмар, поднесе нова тужба против неговиот поранешен клуб Барселона.

Неговото трето побарување против Каталонците е за 6,5 милиони евра. Претходните две беа за вкупно 32,1 милиони евра, а се однесуваа на премиите за задоцнети плати и неплатен хонорар за обновување на договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој пат, Нејмар бара компензација од клубот, откако даночните власти во Шпанија го прашале за сумата за која станува збор. Тие прифаќаат дека дел од парите што Барселона ги платила на Сантош за неговиот трансфер во 2013 година влегле во негов џеб како скриена награда преку фиктивни договори за имиџ правата.

Веста е од „Ел Мундо“, кој пред неколку дена објави дека Нејмар бара 4,5 милиони евра од Барселона за неодигрување на втората контролна средба со Сантош.

Секако, новите потези на Нејмар се очекува конечно да ја затворат темата за неговото евентуално враќање на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…