Фудбалската федерација на Македонија ја прифати препораката од Владата натпреварите овој викенд да се играат без публика поради опасност од ширење на коронавирусот.
Набрзо по препорката од Владата ФФМ се огласи со соопштение:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението.