Денес беше одржан ждребот за осминафиналето во Лигата на Европа и таа донесе некои интересни дуели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најмногу внимание привлекуваат двете шпанско италијанските пресметки. Интер ќе игра против сезонава одличниот Гетафе кој изненадува со позицијата во Ла Лига, а еве се избори и за осминафинале во второто по ранг натпреварување во Ервопа. Во втората шпанско-италијанска пресметка силите ќе ги одмерат Севиља и Рома, кој на хартија е означен како дерби на осминафиналето.
Манчестер Јунајтед за четвртфинале ќе игра против ЛАСК Линц, германски Леверкузен ќе се сретне со Стивен Џерард и Ренџерс. Базел ќе го чека победникот од одложениот натпревар помеѓу Ајнтрахт и Салзбург.
Натпреварите од осминафиналето се играат на 12. и 19. март.
ПАРОВИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО
Истанбул Башахшехир – Копенхаген
Олимпијакос – Вулверхемптон
Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен
Волфсбург – Шахтер
Интер – Гетафе
Севилја – Рома
Анјтрахт/Салзбург – Базел
ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед