Вардар утре го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, пласманот во нокаут фазата е обезбеден останува да се види само уште против кого ќе играме.
Монпелје во Скопје пристигнува како фаворит со оглед на ситуацијата во Вардар, тоа го признаа капитенот Стоилов и тренерот Алушовски на вчерашната прес-конференција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред стартот на натпреварите од последното коло ЕХФ ги објави сите можни опции. Вардар има четири потенцијални противници.
Ако Вардар заврши на шестата позиција оди на дуел со Пик Сегед или ПСЖ, додека ако црвено-црните ја освојат петтата позиција ќе одат на Фленсбург или Алборг.