Дома Фудбал Останато Сколс: Манчестер Јунајтед конечно доби играч кој е во рангот на најдобрите

Сколс: Манчестер Јунајтед конечно доби играч кој е во рангот на најдобрите

Уште во неговите први натпревари станува јасно дека Бруно Фернандеш ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед.

Фернандеш оваа зима дојде во Јунајтед од Спортинг и веќе се наметна како лидер на Јунајтед. Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс е воодушевен од она што го прикажува Фернандеш.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сега имаме играч кој е во рангот со најдобрите во лигата. Де Брујн е најдобар, но Фернандеш е дефинитивно на тоа ниво. Во Спортинг играше навистина добро и требаше да го купиме и порано. Бруно го оживеа овој тим, сега сите сакаат да го гледаат Јунајтед“, изјави Сколс.

Интересно е што Солскјер неодамна кажа дека Фернандеш го потсетува на Сколс и дека може да биде еднакво важен за тимот како и своевремено Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и денес жали што не го донесе во Ливерпул: Единствениот фудбалер за кој се каам во животот

Јирген Клоп со Ливерпул освои скоро сѐ што можеше, а додека ужива во одмор од тренерската …