Дома Останати Кошарка НБА Кингси испуштија +20, Лејкерси и без Леброн ги прегазија Вориорси (ВИДЕО)

Кингси испуштија +20, Лејкерси и без Леброн ги прегазија Вориорси (ВИДЕО)

Сакраменто Кингс имаа 19 поени предност над Оклахома, но тоа не беше доволно за да запишат победа.

Оклахома успеа да се врати и да ја оствари петтата победа во низа, а вечерва беше 112:108. Најефикасен беше Италијанецот Галинари со 24 поени, додека 20 поени додаде Канаѓанецот, Гилгус-Александер. Барнес на спротивната страна стигна до 21 поен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Индијана Пејсерси со 106:100 славеа против Портланд кој сега е на две победи од плеј-офот во преостанатите 20 натпревари ќе мора да го крене нивото на игра. Сабонис уфрли 20 поени и додаде 11 скокови. Брогдон уфрли 17, Оладипо и Верен имаа по 15, учинок од 14 поени и 10 скокови имаше Тарнер. Мекколум кај гостите постигна 28 поени и подели осум асистенции, додека Тренд додаде 20.

Лос Анџелес Лејкерси без поголеми проблеми славеа во Сан Француско со 116:86. Дејвис постигна 23 поени, Кузма 18, Хауард 13. Леброн не настапи на овој натпревари. Вориорси сезонава се најлош тим во НБА лигата.

Предводена од Тобијас Харис кој имаше 34 поени и 7 скокови Филаделфија со 115:106 славеше против Њујорк Никси. Рендл кај гостите беше одличен со 30 поени и 10 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…