Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари беше лут после поразот на неговиот тим од Лион (1:0) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Јувентус изгледаше очајно, посебно во првото полувреме, а Сари како главна причина за таквата лоша игра го посочи тоа што според него топката се движела премногу бавно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко е да се објасни зошто, но во првото полувреме бевме премногу бавни во преносот на топка. Природно е противникот да го искористи тоа и да не притисне. Ни недостасуваше одлучност и агресија во текот на нападите, но и среќа бидејќи примивме гол кога на Де Лихт му се укажуваше помош“.
„Не знам зошто не можам да ги натерам играчите да ја разберат важноста на брзината на предавањето на топката. Тоа е основно. Ќе продолжиме да работиме на тоа. Вчера имавме тренинг, топката се движеше добро многу подобро од вечерва. Во последно време многу работи ги правиме различно од тренинзите. Кога топката оди бавно вие ја губите вашата положба, му дозволувате на противникот да ве затвори. Не мислам дека притисокот на Лион беше толку силен, повеќе сметам дека ние бевме бавни. Кога играте така немате многу шанси да направите било што на теренот“, изјави Сари.