Дома Останати Видете го костурот за Ролан Гарос: Ѓоковиќ – Надал во полуфинале!

Видете го костурот за Ролан Гарос: Ѓоковиќ – Надал во полуфинале!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос, ќе ја започне против Марсел Гранољес од Шпанија, додека најголемиот фаворит Рафаел Надал за противник го доби Французинот Беноа Пер.

Ѓоковиќ и Надал котираат високо на листата на фаворити, заедно со Стан Вавринка и Енди Мари, односно младите Александар Зверев и Доминик Тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според костурот на натпреварите можен е дуел на Србинот и Шпанецот во полуфиналето на турнирот.

Првиот носител, минатогодишниот фаворит, Енди Мари за противник го доби Андреј Кузњецов, додека Стан Вавринка во првото коло ќе игра против квалификант. Освојувачот на Мастерс турнирот во Рим, Александар Зверев на стартот од турнирот ќе игра против искусниот Шпанец Фернандо Вердаско.

Роланд Гарос започнува во недела, а титулите ги бранат Ѓоковиќ во машка и Гарбиње Мугуруса во женска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…