Германските медиуми открија дека откупната клаузула на ѕвездата на Лајпциг е неверојатно ниска.
23-годишниот голгетер е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и многу европски гиганти го сакаат во своите редови.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
До сега се тврдеше дека Вернер може да го напушти Лајпциг за 60 милиони евра доколку откупната клаузула биде активирана од крајот на месец април.
Денес германските медиуми откриваат дека Вернер е достапен за само 30 милиони евра плус евентуални бонуси.
Со оглед на фактот дека Германецот е на радарот на клубови како Ливерпул, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челзи… јасно е дека неговата цена е „ситница“, па се очекува сигурно да направи трансфер ова лето.
Во последно време медиумите тврдат дека Ливерпул е во пол-позиција за неговиот потпис поради Јирген Клоп, а и самиот напаѓач потврди дека би бил среќен да се пресели на „Енфилд“.