Кристиано Роналдо пред неполни две години ги изненади сите кога реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.
Крајот на ерата на Роналдо во Реал Мадрид остави „рани“ во „кралскиот“ клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Статистиката вели дека „кралевите“ не успеале да постигнат гол на 21 од последните 93 натпревари без Португалецот, а тоа е 23% од натпреварите.
Само за споредба, со Роналдо на теренот статистиката е поинаква. Реал Мадрид со Португалецот на терен не постигнал гол само на 36 од 438 официјални натпревари (8%).
Минатото коло Реал Мадрид не успеа да постигне гол против Леванте, иако статистиката вели дека Марсело и Карвахал испратиле 33 центаршути во казнатиот простор.
На историски план пак Барселона го надмина Реал Мадрид во постигнатите голови во Примера, 6151 наспроти 6150.
??✨ ¡Comenzamos los octavos de @LigadeCampeones como líderes del ranking @UEFA! #HalaMadrid pic.twitter.com/oJlSP7VrDi
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) February 24, 2020