Во рамките од 20. коло во македонската прва лига својот натпревар во Велес го одиграа Борец и лидерот Вардар.
Вардар денес одигра нешто подобро од домаќините, создаде повеќе прилики и на крајот победи минимално со 0:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 33 минута кога Аврамовски се најде на вистинското место после обидот на Цветановски и ја смести топката во мрежата на велешани.
Во продолжение од натпреварот гледавме повеќе игра на средината од теренот, Борец не создаваше премногу шанси. Мрежата на Гачевски еднаш се затренесе но голот Прелчец беше поништен поради офсајд. . Покрај голот Аврамовски во финишот пропушти и една 100% прилика да обезбеди повисока победа.
Борец сезонава е одличен на домашен терен и денешниот пораз за нив е прв сезонава на стадионот „Зоран Паунов“.