Дома Фудбал „АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

„АС“ тврди: Бензема веќе потпишал нов договор

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема веќе потпишал нов договор со „кралскиот“ клуб, пренесува мадрдскиот весник „АС“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Останува уште клубот официјално да ја потврди информацијата, но најверојатно тоа ќе се случи на крајот на сезоната.

Досегашниот договор на Бензема истекуваше во 2021 година, а со новиот ја продолжи соработката за додатни 12 месеци. Во Реал Мадрид постои принцип фудбалери со 30 и повеќе години да не го продолжуваат договорот на повеќе од една година.

Бензема има 32 години и ја игра 11-та сезона во „кралскиот“ клуб, а според новиот договор сигурно ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“ уште две години.

Не е тајна дека напаѓачот е во одлични односи со Флорентино Перез и тоа е основа Бензема да остане долги години на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски пресреќен по триумфот на Валенсија: Се боревме храбро за трите бодови!

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за триумфот на Валенсија од 1-0 над Атлетик …