И Покрај тоа што Вардар се наоѓа во тешка ситуација деновиве во медиумите со Вардар се поврзуваат разни имиња, а од следната сезона црвено-црниот дрес треба да го носи рускиот репрезентативец Димитри Санталов.
Ракометарот на Чеховски Медведи има преддоговор со Вардар меѓутоа поради ситуацијата во клубот тренерот Владимир Максимов најави дека ќе разговара со клубот за тој да остане.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На крајот од сезоната договорот на Санталов завршува и тој има преддоговор со Вардар. Меѓутоа Вардар се распаѓа, му кажав дека ако не сака да оди таму ќе разговарам со клубот да ги промениме работите и тој да остане со нас и понатаму“, изјави Максимов.
Ќе потсетиме, тренерот Стевче Алушовски на прес-конференцијата после натпреварот со Мотор кој Вардар го доби со 10 разлика најави дека набрзо во клубот очекува да пристигнат двајца ракометари.