Дома Фудбал Англија Фановите не простуваат, доволна беше само секунда: Овен да биде исфрлен од клубот!

Фановите не простуваат, доволна беше само секунда: Овен да биде исфрлен од клубот!

Навивачите на Ливерпул започнаа петиција, Мајкл Овен веднаш да биде исфрлен од клубот.

Овен, кој минатата година беше именуван за амбасадор на клубот од „Енфилд“, направи потег со кој ги разбесни фановите на Ливерпул и тоа на полувремето од вчерашното финале од Лигата на Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Потребен ни е уште еден гол“, искоментира Овен кој беше стручен коментатор на финалето од Лигата на Европа на една телевизија, а на навивачите на Ливерпул им пречеше што нивниот најомразен ривал го нараче со “ние“.

Навивачите на Ливерпул и од поодамна му замеруваат на Овен што го облече дресот на Јунајтед, а со овој потег тој дефинитивно ја “прели чашата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…