Напаѓачот Хари Кејн се налути поради неделните оценки на играта ФИФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кејн ги нападна луѓето од „EA Sports“ бидејќи не беше сместен во тимот на неделата на играта ФИФА, иако на последните два натпревари постигна седум погодоци.
„Веројатно седум гола, во два натпревари не им беа доволни“, напиша Кејн на друштвената мрежа Твитер.
„ЕА Sports“ пред напаѓачот на Тотенхем во тимот ги стави Серхио Агуера, Александар Лаказет и Марко Ројс.
