Рајан Навман водеше во последниот круг на славната НАСКАР трка Дајтон 500, а тогаш доживеа страшна несреќа.
Невман изгуби контрола над својот автомобил и при брзина од 300 km/h на час се заби во ѕид. Автомобилот летна во воздух и неколку пати се преврти пред да се запали. Невман веднаш беше извлечен и пренесен во болница.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хоспитализиран е во медицинскиот центар Халифакс. Во лоша состојба е, но докторите тврдат дека не е во животна опасност“, објави НАСКАР после несреќата на 42 годишниот возач.