Утре Атлетико Мадрид го пречекува Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони, а во таборот на „јорганџиите“ владее оптимизам.
Саул Нигез и Јаник Караско се оптимисти пред дуелот, иако Атлетико е во резултатска криза во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова ќе биде тежок натпревар, но сите натпревари во ЛШ се тешки. Ако го направиме тоа што тренерот го бара од нас, можеме да го елиминираме Ливерпул. Најважно е да играме со срце и да дадеме се од себе. Навивачите ќе бидат со нас и ќе ни помогнат да пружиме добра игра“, изјави Караско.
„Ливерпул има зверови на средината на теренот, трчаат и вршат пресинг. Работите кои ги прават изгледаат ненормално. Клоп вели дека играат со срце, но се гледа дека секое движење на секој играч е планирано. Навистина вршат пресинг како животни“, изјави Саул Нигез.