Барселона вчера скапо ја плати победата над Гетафе (2:1) бидејќи поради повреда го загуби чевиот бек Жорди Алба.
Алба е еден од најважните играчи во тимот на Каталонците, па тоа ќе биде голем проблем за Барселона во овој исклучително важен период.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Алба на теренот мина 22 минути, а потоа со солзи во очите го напушти теренот. Барселона денес се огласи и потврди дека го повредил адукторот а левата нога.
Алба најверојатно ќе мора да отсуствува од терените три недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти дуелот со Наполи во Лигата на шампиони и големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид.
На неговата позиција ќе игра Жуниор Фирпо, кој пристигна ова лето, но се уште не се покажал во вистинско светло.