Алесандро Флоренци пристигна во Валенсија на позајмица од Рома до крајот на сезоната, но во Шпанија веднаш почна да се соочува со проблеми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Настапи на три меча, а против Гетафе доби директен црвен картон и нема да игра во следните два меча.
Дури и да не добиеше казна Флоренци сигурно немаше да игра во следниот период бидејќи му се дијагностицирани сипаници.
Флоренци од средната не се појавува во трнинг кампот бидејќи откако му биле дијагностицирани сипаници се наоѓа во карантин.
Пред Италијанецот очигледно е долга пауза, што ќе биде проблем за Валенсија бидејќи е јасно дека Флоренци е големо засилување за „лилјаците“.