Дома Фудбал Италија Дали Ибра ќе остане во Милан? Клубот даде јасен одговор

Дали Ибра ќе остане во Милан? Клубот даде јасен одговор

Златан Ибрахимовиќ одлично се вклопи во екипата на Милан.

Ибра ги потврди своите квалитети и навивачите се прашуваат дали ќе остане во нивниот клуб по крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година.

Одговор на ова прашање даде директорот на Милан, Рики Масара.

“На крајот, тоа ќе зависи од него, како се чувствува и колку долго сака да продолжи. Тој е навистина феномен и ние сме многу задоволни од неговите игри”, рече Масара и додаде:

„Златан е Златан. Видовме дека без проблем може да игра и да биде од значање за нас. Зошто да не го искористиме?“

Синоќа тој доби жолт картон на натпреварот во Купот против Јувентус (1:1) и нема да игра во реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…