Дома Фудбал Италија Милан и Јувентус вечерва рушат рекорд!

Милан и Јувентус вечерва рушат рекорд!

Милан и Јувентус вечерва го играат првото полуфинале во Купот на Италија, а тој натпревар ќе биде најпосетеното полуфинале во историјата на Копа Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На стадионот „Сан Сиро“ повторно владее голем ентузијазам иако Милан го изгуби дербито против Интер пред неколку дена. Сепак, екипата после подолго време изгледа добро на теренот.

Како што пренесуваат медиумите во Италија за овој натпревар кој е закажан за 20:45 часот, продадени се повеќе од 70.000 влезници. Навивачите на Милан брзо ги купија сите влезници и остана само мал дел од местото резервирано за фановите на „старата дама“.

Ова ќе биде прв натпревар од двомечот во полуфиналето, вториот се игра на 4. март во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…