Дома Фудбал Англија Тимо Вернер од лето на Енфилд?

Тимо Вернер од лето на Енфилд?

Германскиот напаѓач Тимо Вернер кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува „Билд“, 23-годишниот напаѓач е голема желба на менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп и тој ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок.

Трансферот на ВЕрнер од Лајпциг во Ливерпул е можен. Цената од 60 милиони евра која ја бара германскиот клуб е прифатлива за тимот од Енфилд и голема е можноста овој напаѓач да заврши во ПЛ.

Вернер претходно се поврзуваше со многубројни великани. За неговиот потпис се бореа Баерн и Барселона, но на крајот не дојде до договор.

Тимо Вернер е навистина одличен оваа сезона. Одигра вкупно 30 натпревари за Лајпциг и запиша 25 голови и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.…