Дома Останати Кошарка НБА Коби и Џиана погребани на приватна церемонија во Лос Анџелес

Коби и Џиана погребани на приватна церемонија во Лос Анџелес

Коби Брајант и неговата ќарка Џиана кои загинаа на 26. јануари во хеликоптерската несреќа, биле погребани во петокот на приватна церемонија.

Според тврдењата на американските медиуми семејството се одлучило на мала и приватна церемонија далеку од очите на јавноста. Погребот бил одржан минатиот петок во Корона Дел Мар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Желбата за тајност на семејството се остварила и во мир ги испратија саканите во вечното почивалиште.

„Ванеса и семејството сакаа приватен погреб. Церемонијата беше многу тешка затоа што се уште им е тешко да прифатат дека изгубија две прекрасни души“, пренесуваат медиумите во САД.

Јавното испраќање на НБА ѕвездата и неговата 13 годишната ќерка како и на уште седумте лица ќе се одржи на 24. февруари во „Стејплс Центарот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…